Инвестициите се зголемија, но дали ќе продолжат да растат

Bez autora
Nov 16 2011

Расте нивото на странските директни инвестиции во земјава. Ќе продолжат ли со овој тренд? Во осумте месеци од годинава влегле вкупно 197,3 милиони евра СДИ, а само во август 30,8 милиони евра. Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, од вкупната сума во август 29,8 милиони евра се акционерски капитал и реинвестирана добивка. За претходниот месец, јули годинава, сумата на странските директни инвестиции изнесуваше 24 милиони евра, што покажува напредок, бидејќи во претходните месеци тие се одлеваа. Во април, мај и во јуни, странските фирми што веќе работат во земјава преселија 57 милиони евра, како дел од својот капитал, во своите матични земји, со што драстично беше намалено нивото на инвестициите влезени во земјава во шесте месеци од годинава - само 151 милион евра. Сепак, сумата во наредните два месеца се искачи до 197 милиони евра е за повеќе од двојно поголема од цифрата од 84,5 милиони евра за истиот период во 2010 година.

Инвестициите се зголемија, но дали ќе продолжат да растатРасте нивото на странските директни инвестиции во земјава. Ќе продолжат ли со овој тренд?

Во осумте месеци од годинава влегле вкупно 197,3 милиони евра СДИ, а само во август 30,8 милиони евра. Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, од вкупната сума во август 29,8 милиони евра се акционерски капитал и реинвестирана добивка. За претходниот месец, јули годинава, сумата на странските директни инвестиции изнесуваше 24 милиони евра, што покажува напредок, бидејќи во претходните месеци тие се одлеваа. Во април, мај и во јуни, странските фирми што веќе работат во земјава преселија 57 милиони евра, како дел од својот капитал, во своите матични земји, со што драстично беше намалено нивото на инвестициите влезени во земјава во шесте месеци од годинава - само 151 милион евра.

Сепак, сумата во наредните два месеца се искачи до 197 милиони евра е за повеќе од двојно поголема од цифрата од 84,5 милиони евра за истиот период во 2010 година.

Ова е знак и дека СДИ на крајот на годинава ќе бидат на повисоко ниво во однос на оние 159 милиони евра реализирани во 2010 година. Иако, сумата ќе биде далеку под онаа остварена пред рецесијата. На пример, во 2008 година СДИ изнесуваа 400 милиони евра, а во 2007 година дури 506 милиони евра. Сепак, неодамна Владата, односно премиерот Никола Груевски, најави дека очекува странските директни инвестиции оваа година да изнесуваат 430 милиони евра или да бидат блиску до нивото од 2008 година.

Дали веќе почнатите инвестиции во земјава ќе ја подобрат значително инвестициската слика?

За потсетување, во изминатата пролет заврши реконструкцијата на аеродромот „Александар Велики“, инвестиција вредна 100 милиони евра. Останува да се види дали компаниите кои во последните месеци ги фрлија лопатите во економската зона „Бунарџик“ како и во онаа во Штип, ќе донесат и свеж капитал што ќе покаже раст на вкупната сума на СДИ на крајот на годината.

Освен веќе активните „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, темели во „Бунарџик“ во мај годинава удри и американската „Кемет електроникс“, кој ќе гради фабрика за електрични кондензатори. Во текот на летото во оваа зона се фрлија лопатите и на италијанската „Технокозе“, како и на руската „Продис“, која е дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“ и чија инвестиција е вредна пет милиони евра. Таа треба да обезбеди 300 нови вработувања и да произведува витамини и хомеопатски лекови. И индиската компанија, „Мадерсан груп“ во август најави дека ќе гради два погона за производство на лимени делови и за стакла за автомобилски ретровизори. Оваа инвестицијата се процени на околу 12 милиони евра и со неа треба да се обезбедат 140 вработувања. „Џонсон контролс“, пак, од минатиот месец договори изградба на втора фабрика во зоната во Штип. Инвестиција тешка околу 20 милиони евра. Новата фабрика треба да почне со производство идната година, ќе произведува навлаки за автомобилски седишта. Треба да се вработат над 1.000 лица. Но, уште нема никакви официјални информации за турската компанија „Шишеџам“, која навестуваше влез во земјава уште на почетокот на годинава. Од Агенцијата за странски инвестиции постојано повторуваат дека со оваа фирма се одржуваат континуирани средби и дека е само прашање на време кога ќе биде донесена нивната одлука за инвестирање во Македонија.

Во меѓувреме, земјава ја посетија и ја посетуваат многу бизнис делегации од странство, а и наши бизнисмени со владини претставници имаа(т) неколку организирани посети со цел да привлечат повеќе инвестиции. Од Агенцијата за странски инвестиции уште на крајот на август најавија дека има голем интерес од повеќе американски фирми со кои ќе се интензивираат контактите. Интерес за инвестирање дојде и од повеќе турски компании при своите бизнис посети, од кои последната беше вчера во Стопанската комора, пред се' во градежништво, земјоделство, текстил и во хемиска индустрија. И завчера во Вашингтон се одржа бизнис форум на тема „Македонија – најконкурентна европска бизнис дестинација“ на кој беа претставени можностите за инвестирање во Македонија пред американските компании. Како најатрактивни сектори за инвестирање биле посочени информатичко - комуникацискиот сектор, туризмот и енергетскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik